• четврток, 26 декември 2024

Во изминатите шест месеци 102 лица од Кичево каснати од кучиња скитници

Во изминатите шест месеци 102 лица од Кичево каснати од кучиња скитници
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) -  Во изминатите шест месеци 102 лица од Кичево биле каснати од кучиња скитници. Бројки што потврдуваат дека проблемот кој со години се провлекува на подрачјето на Општина Кичево со кучињата скитници е актуелен и годинава. -Во изминатото полугодие бројот на граѓани кои ја почуствувале жестокоста на кучињата скитници евидентиран во ОВР Кичево изнесува 102 лица, што е далеку над бројката на каснати граѓани во 2020 година во прво полугодие, кога се евидентирани 76 лица  кои пријавиле напад од куче скитник, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. Повеќето од овие граѓани ја тужат општината за нанесени телесни повреди и трауми доживеани при овие напади, а за тоа поднесуваат и уредно лекарско уверение, но има и такви лица кои симулираат кучешки напад само за да наплатат одреден паричен надомест . -Повеќето  лица кои претрпеле напад од кучиња скитници ја тужат општината со цел да добијат одреден паричен надомест. Ако се потврди дека навистина имаат претрпено кучешки напад, тие добиваат надомест во износ од 600 до 700 евра, кој во изминатитот период беше и многу поголем. Но, има такви случаи кога поединци симулираат напад од куче скитник за да наплатат одреден паричен надомест од општината, но таквите случаи навремено се откриваат  и нивните обиди завршуваат неуспешно, вели Гезим Цуцули адвокат, кој ја третира оваа проблематика. за/аа/

Остани поврзан