• понеделник, 23 декември 2024

Во завршна фаза проектот за уредување на туристичкиот локалитет ,,Равна Река“ кај Пехчево

Во завршна фаза проектот за уредување на туристичкиот локалитет ,,Равна Река“ кај Пехчево

Пехчево, 30 октомври 2023 (МИА) - Финишираат градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во пехчевската туристичка населба Равна Река – I и II фаза“. Проектот се реализира преку Центарот за развој на Источно-плански регион со финансиска поддршка од страна на Бирото за регионален развој. 

-Во рамки на реализација на овој проект предвидено е уредување на рекреативниот центар во туристичката населба Равна Река. Проектот предвидува разни содржини за деца и млади, мултинаменски игралишта и многу други рекреативни содржини за одмор и рекреација, информираа од Општината.

Краен корисник од реализација на проектот е Општина Пехчево.

-Претходно како дел од овој проект беше потпишан договор со кој беше утврдена динамиката на реализација на градежните активности за уредување на овој рекреативен центар, додадоа од Општината.

Финансиската вредност на проектот кој е продолжение на проектот за уредување на Црнодолскиот водопад изнесува 2 милиони денари. вс/мд/

Фото: МИА
 

 

Остани поврзан