• среда, 03 јули 2024

Во завршна фаза изградбата на ултрамодерниот спортскиот комплекс во М.Каменица

Во завршна фаза изградбата на ултрамодерниот спортскиот комплекс во М.Каменица
Македонска Каменица, 1 септември 2022 (МИА) - Во завршна фаза изградбата на ултрамодерниот спортскиот комплекс во Македонска Каменица. Градоначалникот Димчо Атанасовски кој изврши увид во градежните работи, истакна дека во моментот се работи на изградба на терените,  по што просторот хортикултурно ќе биде уреден.
-Се работи за еден од најмодерните спортски комплекси во Македонија кој се гради во Општина Македонска Каменица. По изградба на терените ќе се пристапи кон хортикултурно уредување на просторот, ќе се постават нови стативи на фудбалскиот стадион, ќе се постават тоалети, а се планира и амфитеатрално решение на просторот веднаш под градскиот базен, рече Атанасовски.
Очекува во текот на наредната недела да биде завршена и атлетската патека околу самиот комплекс .
-Подлогата за останатите спортски терени ќе биде асфалтирана, а за наредната година е планиран подобар пристап до терените, како и уредување на најдолното течение на река Каменичка, додаде Атанасовски
Општината како што додаде ќе продолжи со актовности за менување на ликот на градот со цел да прерасне во една од најмодерните општини во Истокот.вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан