• недела, 22 декември 2024

Во Европа колективна акција против Фолксваген

Во Европа колективна акција против Фолксваген
Париз, 23 јануари 2020 (МИА) - Холандската фондација Дизел емишнс џастис (Diesel Emissions Justice) (ДЕЈФ) денеска започна колективна акција против германската компанија Фолксваген, како дел од европската кампања насочена кон добивање компензација за неколку милиони возачи после скандалот со фабрикувањето податоци за идувните гасови на дизелот. Фондацијата има поддршка од неколку илјади луѓе кои ќе учествуваат во акцијата во Белгија и Холандија, а се очекува да се прошири и во други земји, вклучително и Франција. „Фолксваген ја призна вината и треба да ги компензира потрошувачите. Тоа беше направено во САД, каде што беа исплатени повеќе од 25 милијарди евра за продадени 450.000 возила“, велат од Фондацијата. Фолксваген во Канада се очекува да плати обештетување од 135 милиони евра. Компанијата, исто така, плати дел од отштетата во Холандија, Германија и Италија, но не и во Франција. Според податоците на Фондацијата, околу 8,5 милиони луѓе се оштетени во Европа, од кои еден милион во Франција, кои сè уште немаат добиено отштета. ссм/  

Остани поврзан