• четврток, 25 декември 2025

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба „Кон светлината“ на Новица Трајковски 

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба „Кон светлината“ на Новица Трајковски 

Скопје, 21 декември 2025 (МИА) - Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денеска беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски. 

Настанот беше проследен од бројни љубители на ликовната уметност, кои имаа можност да уживаат во делата на Трајковски и да се запознаат со неговото богато творештво. Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Посетителите имаа можност да погледнат околу педесет дела создадени во техника акрил и масло на платно, преку кои авторот ги преточува темите што ја обојуваат неговата долгогодишна творечка практика.

 Општина Илинден, во рамки на својата континуирана заложба за поддршка и развој на културата, и понатаму ќе ги поддржува уметниците кои творат на нејзина територија, како и културните манифестации што ја збогатуваат заедницата и ја промовираат уметноста.лв/нд/

фото: Општина Илинден 

Остани поврзан