• недела, 22 декември 2024

Во Дебар трета доза примиле 900 лица

Во Дебар трета доза примиле 900 лица
Дебар, 24 јануари 2022 (МИА) - Во вакциналниот пункт, кој функционира во модуларната болница при Општата болница со проширена дејност во Дебар, непречено се одвива имунизацијата против Ковид-19, со зголемен интерес за трета доза.
- Заклучно со денешниот ден, трета доза аплицирана е кај 900 лица од општините Дебар и Центар Жупа. Исто така, со прва доза опфатени се 8 427, додека, со втора доза 7 631 лице, изјави за МИА, доктор Љуљзим Стрикчани, одговорен во службата за вакцинација.
Тој упатува апел до граѓаните да се имунизираат што поитно зашто тоа е најдобрата заштита, а доколку дојде до зараза болеста поминува во поблага форма.
Во меѓувреме, на ова подрачје дневно има по еден до два случаи на новозаразени, иако се верува дека бројката е поголема затоа што дел се тестираат дома и доколку немаат потешка состојба, не се јавуваат на лекар.
Од почетокот на пандемијата, на ова подрачје, според официјалната статистика вкупно се заразени 1.490 лица, починале над 90. Има 20 активни лица кои се со полесна клиничка слика. вт/ар/

Остани поврзан