• петок, 22 ноември 2024

Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома

Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома
Берлин, 9 мај 2022 (МИА) - И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност. - Очигледно, многу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања). Според истражувањето спроведено од Институтот во април, 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март кога оваа можност ја искористиле 27,6 отсто. Обврската на работодавците да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, што беше една од мерките против пандемијата со Ковид-19, истече на 20 март. Ифо нагласуваат дека 56 отсто од работните места во Германија дозволуваат работа од дома. ми/

Остани поврзан