Во Гевгелија се одржува обука за поголема застапеност на младински политики
- Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија, во рамки на УСАИД проект за граѓанско учество, што се имплементира преку Националниот младински совет, денеска организира еднодневна обука

Гевгелија, 11 ноември 2021 (МИА) - Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија, во рамки на УСАИД проект за граѓанско учество, што се имплементира преку Националниот младински совет, денеска организира еднодневна обука за креирање и застапување на младинските политики.
Преку проектот организаторите велат дека младите ќе се едуцираат за поголема застапеност на младинските политики.
-Целта на обуката е учесниците да стекнат знаења и вештини за тоа како да се дефинираат, креираат и застапуваат младинските политики, како и да се мотивираат и едуцираат младите и младинските организации за постоење и примена на Законот за младинско учество и младинки политики, велат организаторите.
На обуката присуствуваат претставници на младински организации од сите општини во југоисточниот регион од земјата. им/ки/