• вторник, 24 декември 2024

Во Гевгелија останаа слободни места за упис на гимназијалци во вториот и третиот уписен рок

Во Гевгелија останаа слободни места за упис на гимназијалци во вториот и третиот уписен рок
Гевгелија,19 јуни 2020 (МИА) - Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, во првиот уписен рок што заврши вчера, од 374 слободни места се пополниле само 145 од страна на ученици кои ги исполниле критериумите за запишување на образовните профили. За гимназиско образование, од вкупно 170 места се пополниле само 64, во хотелско угостителската струка се запишале 29, за готвачи се запишале 9, за келнери 10, во економската струка 16, во машинската 15 и во автомеханичарската струка се запишале само два ученика. -Од вкупно 185 ученици што завршиле основно образование во општина Гевгелија, во гимназијата се запишале само 106 ученици, а останатите 39 запишани во првиот уписен рок доаѓаат од други општини во регионот, потврдија денеска од гимназијата. Вториот уписен рок, за кој останаа слободни дури 229 места, ќе се одржи на 24 и 25 јуни, а третиот уписен рок е на 29 јуни.им/бт/

Остани поврзан