• четврток, 18 јули 2024

Во вториот квартал осум претставки од корисници на поштенски услуги

Во вториот квартал осум претставки од корисници на поштенски услуги
Скопје, 6 август 2022 (МИА) - До Агенцијата за пошти во вториот квартал годинава се доставени осум претставки од корисници на поштенски услуги. Седум од претставките се од физички лица, а една од правно лице. До даваталите на поштенски услуги на слободниот пазар се доставени три претставки, а пет за услугите на давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија“,  во кои корисниците пријавувале пречекорување на рокот на достава на препорачани пратки, губење на пратка во меѓународниот поштенски сообраќај, како и проблеми со доставата на одреден реон. Од Агенцијата за пошти информираат дека одделно по секоја претставка презеле соодветни активности, по што од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ по аргументираните барања на подносителите исплатен е надомест за штета по различен законски основ. За разлика од претставките кои беа поднесени за услугите на националниот давател на поштенски услуги, претставките кои беа поднесени за останатите даватели се однесувале за доставата на нотарски пратки за кои со друг закон е предвиден посебен начин на постапување при доставата. Во врска со нив, преземени се одредени активности поврзани со начинот на достава и на подносителите навремено во рок им е одговорено. Агенцијата за пошти во вториот квартал издала две општи овластувања за обебзедување поштенски услуги, а при изврешн вонреден надзор кај поштенски субјект на слободниот пазар се издадени четири прекшочни патни налози. лв/ац/

Остани поврзан