• петок, 05 декември 2025

Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра

Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра

Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение  на Народната Банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

-На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%, се вели во соопштението.

Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8.983 милиони евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година. сст/дма/

Фото: Народна банка

Остани поврзан