• понеделник, 23 декември 2024

Во велешката болница биле донесени две лица искасани од оси, едниот починал

Во велешката болница биле донесени две лица искасани од оси, едниот починал
Велес,13 јули 2022 (МИА) - Во велешката болница вчера биле донесени две лица искасани од оси, едниот на околу 60 годишна возраст, другиот 30 годишен маж. Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома. Во велешката населба Речани вчера, 60 годишниот маж, сега веќе починат,  целиот искасан од оси во состојба на кома со Брза помош  бил однесен итно во велешката Општа болница. Како што вчера информира  за МИА, д-р Милка Панова од Брза помош од Велес, тие биле повикани во 11,05 часот, кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот со повеќе убоди од оси на рацето, лицето и по целото тело. - Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е аларгично на оси и итно со нашето возило на Брза помош, а  во состојба на кома го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова. Како што информира денеска за МИА д-р Јелана Левкова Ќамилова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, тие вчера не знаеле дека истовремено биле донесени двајца пациенти искасани од оси. ад/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан