• петок, 22 ноември 2024

Во Велес цената на градскиот превоз не е зголемена од март

Во Велес цената на градскиот превоз не е зголемена од март
Велес, 6 октомври 2022(МИА) - Во Велес цената на градскиот превоз на градската линија во еден правец сè уште е 35 денари, а месечната илјада денари. Таа не е променета од март годинава кога превозникот фирмата „Пан-промет“ без одлука на Совет самоиницијативно сам си ја зголеми цената од 25 на 35 денари за еден правец односно билет од градската линија, а месечната од 900 на илјада денари. -Советот на Општина Велес на својата последна 21 седница седница, изминатата недела, а согласно законската обврска како надлежен кој ја дава согласноста на барање на превозникот само му ја потврди старо – новата цена, Тој самоиницијативно ја применува веќе седум месеци, информира за МИА, Зоран Љутков претседател на Советот на Општина Велес. Тој појасни дека расправа меѓу советниците од разни политички партии се водела за побарани две градски линии од страна превозникот,кои се водат на хартија а во пракса со години има само една. Инаку во Велес во пракса со години сообраќа само една градска линија од Малина кај Стар мост во близина на Градскиот пазар преку центарот, преку Железничката станица, преку населба Тунел до населба Превалец и назад во круг. Втората линија од Железничка до Автобуска, во пракса назад никогаш и не функционирала Граѓаните на Велес со години бараат од локалната власт односно од Советот да му наложи на превозникот да ја почитува одлуката на Советот и во пракса да ја воведе оваа линија од Железничка до Автобуска, најмногу тие кои работат или учат и секојдневно патуваат за Скопје, зошто многу често се случува возот да го нема или да се расипе па принудени се да одат со автобус. Дел од велешани од високата месност над градот Којник со години бараат и градска линија до месноста Којник со минибус, а за што локалната власт им ветуваше дека ќе ја воведе, но засега сè остана само на ветувањата. Воедно дел од граѓаните бараат линијата од Велес до новите градски гробишта кај Раштани да сообраќа барем по еднаш секој ден, а не само во деновите на викенд – сабота и недела. ад/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан