• петок, 05 декември 2025

Во битолско приведено лице кое пукало кон полицајци, обвинителството врши увид на локацијата

Во битолско приведено лице кое пукало кон полицајци, обвинителството врши увид на локацијата

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола врши увид во битолско на локација каде едно лице по кое, според првичните сознанија, полицијата трагала, пукало со огнено оружје кон службени лица, соопшти Јавното обвинителство. 

Како што информираат, полициски службеник возвратил, при што лицето е повредено, по што е лишено од слобода и задржано на лекување под надзор.

Јавниот обвинител издава наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.лв/сст/

фото:МИА архива 

Остани поврзан