• петок, 22 ноември 2024

Во Берово се одржа втората работилница од проектот „Мирот започнува со насмевка“

Во Берово се одржа втората работилница од проектот „Мирот започнува со насмевка“
Берово, 21 март 2021 (МИА) - Во Берово се одржа втората работилница во рамки на проектот„Мирот започнува со насмевка“. На втората работилница се дискутираше за родово базираниот говор на омраза на младите преку интернет и подигање на свеста за негово надминување.
- Во проектот кој е финасиран од Регионална канцеларија за младинска соработка - РИКО, се работи на три нивоа на сузбивање на говорот на омраза кој според истражувањата е се по присутен помеѓу младите. Целта е постигнување на друг наратив или говор за сузбивање на овој проблем, истакна Билјана Бошковска психологот во средното училиште „Ацо Русковски“ од Берово.
Гимназијата „Ацо Русковски“ од Берово проектот го реализира во партнерство со  неколку училишта од регионот.
- На работилницата учествуваат по 8 ученици од сите партнерски организации, додека реализацијата беше преку хибриден модел, со користење на Zoom платформата заради превентивните мерки од Ковид 19. Импресиите на учениците кои учествуваа во овој проект се прекрасни, па со реализацијата на истиот преку запознавање, дебатирање и споделување на искуства нивните очекувања се на високо ниво, рече директорот на гимназијата Сашко Корчовски.
Во следниот период во рамките на овој проект планирани се уште две работилници со што учесниците преку сузбивање на говорот на омраза во иднина би биле амбасадори за надминување на сите недоразбирања на младите поврзани со оваа тема во земјите од Западниот Балкан. вс/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан