• недела, 22 декември 2024

Во белгискиот регион Фландрија ќе биде ангажиран првиот „климатолог“

Во белгискиот регион Фландрија ќе биде ангажиран првиот „климатолог“

Антверпен, 5 август 2024 (МИА) - Властите во Фландрија ќе го ангажираат првиот „климатолог“ кој ќе му помогне на белгискиот регион да се подготви за „медицинските последици од климатските промени“.

Неговата задача ќе биде да го подобри постоечкиот акционен план имплементиран за време на топлотниот бран и да ги разгледа другите последици од климатските промени од медицински агол.

Климатскиот лекар ќе работи на превенција и рано откривање на штетите од климатските промени врз здравјето на луѓето во Фландрија...ќе го надгледува спроведувањето на фламанскиот план за климатско здравје и ќе помогне „да се развијат превентивни стратегии со цел здравствените системи и општата популација да бидат поотпорни на климатски стресови“, се наведува во огласот објавен од фламанското Министерство за здравство.

Неговата улога, исто така, ќе биде да го следи влијанието на екстремните временски настани во најширока смисла, бидејќи „сушите, силните бури и врнежите ќе доведат до зголемен ризик од проблеми со менталното здравје“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан