• понеделник, 25 ноември 2024

Во Австрија половина од моменталните инфекции предизвикани од новиот сој

Во Австрија половина од моменталните инфекции предизвикани од новиот сој
Виена, 26 февруари 2021 (МИА) - Во Австрија, повеќе од половина од сите нови инфекции со коронавирус моментално се предизвикани од новиот сој. - Мутациите, бидејќи се посилни, се чини дека многу брзо се наметнуваат, истакна денеска министерот за здравство Рудолф Аншобер. Тој потсети дека Австрија е единствената земја во Европа што ги испраќа сите позитивни ПЦР тестови за секвенционирање со цел да се утврди дали станува збор за нов вид. Како успех, министерот го окарактеризира фактот дека вакцинацијата во домовите и грижата за стари лица е при крај. паг/  

Остани поврзан