Војската на САД тврди дека го убила лидерот на групата Ал Шабаб
- Американската војска соопшти денеска дека во воздушните напади во Сомалија убила еден од лидерите на групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда.
Најроби, 7 април 2020 (МИА) - Американската војска соопшти денеска дека во воздушните напади во Сомалија убила еден од лидерите на групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда.
Во соопштението на американската Команда се наведува дека еден од тројцата убиени екстремисти во нападите е Јусуф Џис, еден од основачите на групата Ал Шабаб, која контролира делови во централна и јужна Сомалија и често извршува напади врз Могадишу.
- Иако можевме да ги одложиме нашите акции во Сомалија поради пандемијата на Ковид-19, лидерите на Ал Каеда, Ал Шабаб и Исламска држава објавија дека оваа криза ја гледаат како можност за продолжување на терористичката агенда, поради што продолживме да ги поддржуваме нашите африкански соработници, се додава во соопштението на американскиот командант Стивен Таузенд.
САД во одделно соопштение објавија дека убиле петмина припадници на Ал Шабаб во близина на Џилиб. гт/