• петок, 22 ноември 2024

Војници патролираат во центарот на Конакри

Војници патролираат во центарот на Конакри
Конакри, 5 септември 2021 (МИА) - Истрели денеска се слушнаа во близина на претседателската палата во центарот на главниот град на Гвинеја, Конакри. На улиците патролираат оклопни возила и камиони со војници. Се уште не е познато дали се работи за воен удар. На видео-снимките објавени на социјалните мрежи се слушаат истрели над градот,  а возила полни со војници се упатуваат кон Централната банка на Гвинеја, што е лоцирана во близина на претсетелската палата. Според неименувам армиски извор единствениот мост што го поврзува копното со населбата каде што се наоѓаат повеќето министерства и претседателската палата е затворен, а голем број војници, некои од нив тешко вооружени, се распоредени околу палатата. Висок владин претставник изјави дека претседателот Алфа Конде не е повреден, но не даде повеќе информации. Во октомври минатата година 83-годишната Алфа Конде третпат победи на претседателските, кои беа обележани со насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе. ми/ https://twitter.com/6w_es/status/1434463716435759109?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1434463716435759109%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D09dd%3D05nav_category%3D78nav_id%3D1918057

Остани поврзан