• понеделник, 23 декември 2024

Војвотката од Корнвол, Камила воведена во британскиот „највозрасен ред“ на витештвото

Војвотката од Корнвол, Камила воведена во британскиот „највозрасен ред“ на витештвото
Лондон, 14 јуни 2022 (МИА) - Војвотката од Корнвол, Камила слави свечен настан заедно со британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот син-престолонаследник, принцот Чарлс. Имено, вчера, кралицата формално ја воведе војвотката (74) во „највозрасниот ред“ на витештвото во Обединетото Кралство - Редот на жартиерот. Во чест на оваа пригода, Бакингемската палата објави нов портрет на Камила заедно со Чарлс (73) и 96-годишниот монарх. Приватната свеченост се одржа во Собата на жартиерот во замокот Виндзор. Таа сега и формално е признаена како Кралска дама, во Редот на жартиерот. Жартиер, инаку, е подврска за придржување на чорапите, појасче коешто се врзува веднаш под коленото. Камила е почестена и „многу задоволна“ од новата титула, изјави за „Пипл“ извор од кралското семејство. Во традиционалната пригодна кадифена облека и капа, Камила застана до кралицата Фотографијите ја симболизираат иднината на монархијата. Кралицата, која страда од постојани проблеми со подвижноста и користеше бастун за време на службата, не им се придружи на членовите на нејзиното семејство во јавниот дел од кралскиот настан вчера. Таа беше домаќин на приватниот состанок и ручекот внатре во замокот. Секој јуни, Големата поворка на витезите се одржува во замокот Виндзор, придружувана од марш на музичари и офицери на Редот, во свечена облека. Витешкиот Ред на жартиерот бил основан од кралот Едвард Трети во 1348 година.  си/

Остани поврзан