Вопке Хукстра и официјално именуван за нов еврокомесар за климата
- Именувањето на Хукстра за периодот до крајот на мандатот на актуелната Европска комисија до 31 октомври 2024 година, следи по оставката на извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс, кој го напушти извршното тело на ЕУ за да биде лидер и кандидат за премиер на блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на предвремените парламентарни избори во Холандија следниот месец.
Брисел, 9 октомври 2023 (МИА) - Советот на ЕУ денеска официјално го назначи поранешниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хоекстра за нов еврокомесар за климатска акција по предлог на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, именувањето на Хукстра за периодот до крајот на мандатот на актуелната Европска комисија до 31 октомври 2024 година, следи по оставката на извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс, кој го напушти извршното тело на ЕУ за да биде лидер и кандидат за премиер на блокот на неговата Лабуристичка партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на предвремените парламентарни избори во Холандија следниот месец.
Согласно член 246 од Договорот за функционирање на Европската Унија, испразнетото место поради оставка на член на Комисијата се пополнува до крајот на актуелниот мандат со нов член од истата земја членка на Унијата.
Новиот еврокомесар го именува Советот на ЕУ, по заеднички договор со претседателот на Европската комисијата и по консултации со Европскиот парламент. сп/
Фото: МИА Архива