• сабота, 18 мај 2024

Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана

Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана
Вашингтон, 18 јули 2022 (МИА) - Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата. Машкото лице синоќа со пушка влегло во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнало да пука во ресторан, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон. Според Ајсон, две лица се повредени. Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани. бд/зш/

Остани поврзан