• вторник, 14 мај 2024

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница
Бишкек, 14 септември 2022 (МИА) – На киргистанско-таџикистанската граница утрово имаше престрелка помеѓу граничарите на двете земји, соопшти пограничната служба на Киргистан. Инцидентот, според официјален Бишкек, настанал откако киргистанските граничари зазеле позиции во неразграничениот дел и почнале да пукаат кога им било посочено да ги напуштат „борбените позиции“ долж границата. Според руските медиуми, еден таџикистански граничар загинал, а двајца се повредени. Во изминатите години чести се судирите долж границата на Киргистан со Таџикистан. ми/

Остани поврзан