Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
- Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите.
Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите.
- Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров!
Грижата за граѓаните е наш приоритет! - напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски.

Вонредното прскање против комарци се спроведува по прогласувањето епидемија на западнонилска треска во скопските општини: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери...
Од западнонилска треска починаа три лица. До денеска има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа. ев/вј/
Фото: Принтскрин Фејсбук Александар Стојкоски