• вторник, 18 август 2026

Божиновска на ФБ: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Божиновска на ФБ: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Македонија  се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа.

-Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас LNG, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, посочи Божиновска.

Интерконекциите, нагласи, се планирани и за транспорт на 100 проценти водород, со што Македонија се подготвува и за идната европска водородна инфраструктура.

-Повеќе извори, поголема сигурност и посилна регионална поврзаност, порача Божиновска на Фејсбук.вј/

Фото: МИА архива и принтскрин