• сабота, 23 ноември 2024

Вонредни рестриктивни мерки на Миконос и Халкидики

Вонредни рестриктивни мерки на Миконос и Халкидики
Атина, 19 август 2020 (МИА) - Откажување на сите настани како што се забави со жива музика, литии, пазари и слично; забрана за јавни и приватни собири на над девет лица; задолжителна маска и надвор и во затворените објекти, како и дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните, се мерките кои од петок стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос и на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. За дополнителните рестриктивни мерки било одлучено на денешниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, по вчерашниот зголемен број позитивни случаи во конкретните делови и за да се ограничи дополнителното ширење на коронавирусот. Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос . Миконос и на Халкидики, се дел од 16-те грчки региони во кои веќе се спроведува мерката забрана за работат од полноќ до 7 часот на утроугостителските објекти, кафулињата и слично. Новите ограничувања ќе стапат во сила во петок наутро и ќе важат во следните 10 дена. ср/сд/

Остани поврзан