• петок, 22 ноември 2024

Вонредна состојба во Канбера, пожарот се шири неконтролирано

Вонредна состојба во Канбера, пожарот се шири неконтролирано
Канбера, 31 јануари 2020 (Танјуг) - Австралиските власти прогласија вонредна состојба во и околу главниот град Канбера, каде постои ризик од неконтролиран пожар, за чие ширење придонесуваат и високите температури и силниот ветар. Вонредната состојба ќе биде во сила следните 72 часа и ќе им овозможи на властите поголеми овластувања да наредат евакуација, да затворат патишта и да ја преземат контролата врз приватната сопственост. Официјални лица велат дека се работи за најголемата закана од пожар во последните две децении и оти главен приоритет за властите во Канбера е негово ставање под контрола. Премиерот на областа Ендрју Бер предупреди дека пожарот „може да стане неконтролиран поради силниот ветар и температурите кои достигнуваат 40 степени“. Јужно од Канбера во голем пожар горат повеќе од 18.500 хектари, јави Би-Би-Си. Жителите на предградијата на Канбера се повикуваат да бидат подготвени за можни евакуации. Територијата на Канбера опфаќа мала област меѓу Сиднеј и Мелбурн со население од околу 400.000 жители. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан