• петок, 15 ноември 2024

Волво Карс планира да издаде зелена обврзница

Волво Карс планира да издаде зелена обврзница
Стокхолм, 24 септември 2020 (МИА) - Шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ денеска соопшти дека креирале нова финансиска рамка што треба да му помогне да се трансформира во производител на електрични автомобили. Рамката ќе го подготви теренот за издавање на првата зелена обврзница, со што ќе се соберат  пари за развој на нови модели на електрични автомобили и зголемување на производствениот капацитет за батерии и електрични возила, се наведува  во соопштението на „Волво“, сопственост на кинеската компанија Џили Холдинг. Компанијата го купи „Волво“ во 2010 година од американската компанија „Форд Мотор“. Шведската компанија најавува и дека парите собрани според новата рамка ќе бидат инвестирани во проекти поврзани со климата. -Нашата рамка за зелени финансии им овозможува на инвеститорите да учествуваат во трансформацијата на „Волво Карс“ во производител на електрични автомобили, рече извршниот директор Хакан Самуелсон. Компанијата има намера да го намали учеството на јаглерод во секој автомобил за 40 проценти до 2025 година и до 2040 година треба да стане климантски неутрална. паг/      

Остани поврзан