• петок, 22 ноември 2024

Воздухопловните сили на САД добија наредба да ги прекинат летовите на 24 часа

Воздухопловните сили на САД добија наредба да ги прекинат летовите на 24 часа

Вашингтон, 29 април 2023 (МИА) -  Американската војска им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции за еден ден следниот месец за да се разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници.

Два хеликоптери се судрија во четвртокот на Аљаска, при што загинаа тројца воени пилоти. Минатиот месец девет воени лица загинаа кога два хеликоптери се судрија за време на тренинг мисија во државата Кентаки.

Според наредбата, следниот месец секој дел од копнените сили ќе треба да изврши целосен безбедносен преглед на леталата што ги поседува и кои нема да летаат во тој 24-часовен период. Исклучоци ќе бидат направени само за најитните мисии. зш/
 

Остани поврзан