• четврток, 21 ноември 2024

Воени вежби на иранската Револуционерна гарда, симулирање напад врз американска флота

Воени вежби на иранската Револуционерна гарда, симулирање напад врз американска флота
Техеран, 29 јули 2020 (МИА) - Иранската Револуционерна гарда лансираше разорувачка балистичка ракета во рамки на воените вежби за симулирање напад врз американска флота во Ормутскиот Проток. Во составот на американската флота, меѓу останатите пловни објекти, има и еден носач на авиони, објави денеска иранската државна телевизија. Паралелно е симулиран и напад со дронови врз команден мост на виртуелен носач на авиони, но во извештаите не се наведува кои ракетни системи се користени. Со овој ракетен маневар Техеран недвосмислено им испрати порака на САД, а иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи во својата изјава во врска со воените вежби побара одмазда за американскиот напад со дрон во јануари, во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан