• сабота, 06 јули 2024

ВМРО ДПМНЕ: Излезност од 34,3 проценти е пораз за Заев

ВМРО ДПМНЕ: Излезност од 34,3 проценти е пораз за Заев
13 декември 2020 Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Заев Кого победи Заев, освен тоа што го загрози здравјето на граѓаните?! Тој организираше мафијашки избори Зоран Заев си го гледа само личниот и партиски интерес. Затоа денес правеше КОВИД кластер во Штип во сред пандемија и 2000 починати. Заев трча да си ја спаси фотељата и притоа не му е важно колку луѓе ќе заболат, а колку ќе починат заради тоа. Денешната среќа на Заев, штипјани ќе ги чини не среќа за некој ден. Дополнително Заев употреби најразлични методи на уцени и притисок, закани и поткуп само и само да дојде до цензус. Во Штип денеска имаше масовен поткуп за да се извадат граѓаните да гласаат. Гласови се купуваа со пари. Зоран Заев денеска вршеше тортура врз својот народ. Изборите во Штип се резултат на болната амбиција на еден човек, да ја задржи фотељата по секоја цена. Политиките на Заев се поразени 15% помала излезност на сите закани, притисоци и уцени е знак дека веќе ништо не му поминува. 34.30% излезност е пораз за Заев. Слобода на народот, оставка на Заев. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ   ____________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан