ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за намалување на акцизата на нафтените деривати
- ВМРО-ДПМНЕ на владата и предлага сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените.
Скопје, 28 февруари 2022
ВМРО-ДПМНЕ на владата и предлага сет мерки кои директно ќе го заштитат стандардот на граѓаните во услови на вртоглавиот раст на цените.
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1-ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%.
Дополнително се бара Владата да го разгледа предлогот да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, мерка со која се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи.
Граѓаните за краток период се соочија со зголемување на трошоците за живот, цените на горивата пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Инфлацијата го јаде стандардот и платите веќе не стигаат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.