ВМРО-ДПМНЕ: Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците
- Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција до медиумите на соопштението на Алијанса за Албанците, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 27 август 2025
Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција до медиумите на соопштението на Алијанса за Албанците, што МИА ја пренесува интегрално.
А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива