ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дипломатијата ја сведе на распродавање на државните интереси, а Фатон Бејта четири години „служеше“ како турист-амбасадор во Копенхаген
- Прес-конференција држи Фатон Бејта, човек кој четири години „служеше“ како турист-амбасадор во Копенхаген: Ниту една инвестиција, ниту една официјална посета, ниту еден конкретен резултат, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во интегрална форма.
28 јули 2025
Прес-конференција држи Фатон Бејта, човек кој четири години „служеше“ како турист-амбасадор во Копенхаген: Ниту една инвестиција, ниту една официјална посета, ниту еден конкретен резултат, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува во интегрална форма.
Државата ја претставувал како лична екскурзија, на трошок на граѓаните.
А што се однесува до обвинувањата, препознатливи се по ракописот.
СДС, партијата позната по своите порази, политички манипулации и фабрикувани конструкции, уште еднаш се обидува да ја замени реалноста со театар.
СДС потфрли на секое поле, дипломатијата ја сведе на распродавање на државните интереси и обележја за свои лукративни причини и профит на малкумина од врхушката на СДС.
Државата сега оди напред, и тоа ги боли.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ