• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Тетово во однос на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Тетово во однос на СДСМ
Тетово, 20 август 2022 (МИА) - Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев по завршувањето на вонредните избори за Совет на Тетово на завршната прес-конференцијата порача дека неговата партија го победила СДСМ на локално ниво. 

Тој порача дека со тоа и Владата на СДСМ е делегитимирана од сите националности.

Ѓорчев прочита повеќе бројки од избирачки места каде како што рече има убедлива победа ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, со што има и убедливо опозицоно антивладино расположение.   

-Најважното за Македонија ова е сигнал, ова е порака од Тетово што порачува дека на нашата татковина Македонија и треба нова Влада предводена од Христијан Мицкоски, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И треба Влада која ќе работи со 50 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10 одвај на СДСМ минатата година, рече Влатко Ѓорчев.

Ѓорчев го коментираше прогласувањето победа на Димитар Ковачевски во Центар Жупа.

-Зарем не е апсурдно Таче Ковачевски да прогласи победа во Центар Жупа со еден кандидат, само еден кандидат. Тоа се избори, во кои имаше само еден кандидат, поддржан речиси од сите партии. Тоа се избори како за „наследникот на Зоран Заев“. СДСМ може да победува само каде што има само еден кандидат. Таму каде што има 11 листи, тоа е во Тетово, таму убедливо победи ВМРО ДПМНЕ, оцени Ѓорчев.

Во Маврово-Ростуше според Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ има скок од 1400 на 1900 гласови. ас/нд/

 

Остани поврзан