• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Откупот оди во нормален тек, досега се откупени над 90 милиони килограми винско грозје

ВМРО-ДПМНЕ: Откупот оди во нормален тек, досега се откупени над 90 милиони килограми винско грозје

Скопје, 21 септември 2025

СДС го допре дното. Лажната грижа која ја покажуваат на прес конференциите е уште еден доказ дека СДС не знае кај тера, изгубени се во времето и просторот, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Трајан Димковски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Досега над 90 милиони килограми винско грозје е откупено, што е доволен доказ дека откупот оди во нормален тек.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работеа напорно за да ги оспособат системите за наводнување коишто истите беа уништени од негрижата на претходната власт.

Да ја потсетиме „загрижената“ СДС дека оваа година благодарејќи на наводнувањето приносот на винско грозје изнесува над 100 милиони килограми.

Обидот да создадат хистерија и паника помеѓу земјоделците не им поминува.

Трајан Димковски најубаво знае дека неговата партија ја донесе одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите.

Лозарите многу добро знаат дека СДС се бори само за да си ги наполнат своите џебови и да шетаат на државна сметка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 15 месеци покажа дека земјоделците имаат вистински партнер.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан