• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, ЈО и судството да постапат

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, ЈО и судството да постапат

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на објавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривичната пријава покрената од СВР Охрид за „попречување на правдата“ . Од партијата велат дека добро е што тој признал дека правел притисок и бараат од Јавното обвинителство и судството да постапат.

- Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси одговорност. Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе, дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши против кого СВР Охрид покрена кривична пријава за „попречување на правдата“ реагираше преку објава на „Фејсбук“ во која ја објави и пораката што му ја испратил на полицискиот началник. 

- Секоја чест. Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе, стои во пораката.

Кривичната пријава против него ја оцени како политичко прогонство и заплашување.

- Политичко прогонство, целта на заплашувањето нема да ви помине! На 7 мај, како координатор на Европскиот фронт во Изборната единица 5, од Штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, претседателот и членовите на Штабот биле контролирани од страна на СВР-Охрид, што е директна интервенција во изборниот процес од страна на СВР-Охрид, наведе Бектеши во објавата.

Според Бектеши, целта за ваквиот потег, како што вели, е одмазда за поразот што граѓаните и го направиле на власта на 8 мај.

-Како Крешник Бектеши, секогаш ќе се грижам за граѓаните кои се во постојан обид за заплашување, како што се моите сонародници во Охрид, Ресен, Крушево, Долнен итн. И во тоа, ништо освен Бог не може да ме спречи, вели Бектеши.

По реорганизацијата во ДУИ откако во септември т.н. „Огнена група“ побара реформи во партијата и по одржаниот партиски Централен совет на кој беше избрано новото претседателство, битката на т

Претходно, реагираше и Демократската унија за интеграција која ваквите обвинувања против Бектеши ги оквалификува како неосновани. 

- Демократската унија за интеграција ги осудува политички мотивираниот „лов на вештерки“ кој е насочен кон нашиот поранешен министер за економија, Крешник Бектеши, и ДУИ како политичка организација. Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети, стои во реакцијата од ДУИ.

Во МВР билтенот од 25 јули беше наведено дека СВР Охрид има поднесено кривична пријава против 39-годишен жител на Кичево за кривично дело „попречување на правдата“. Во Билтенот се наведени иницијалите, а дел од медиумите објавија дека се работи за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.  фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан