• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ја сокрил фирмата во Петрич за да не се поврзе со Медикал 420 од каде исчезнуваше марихуана 

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ја сокрил фирмата во Петрич за да не се поврзе со Медикал 420 од каде исчезнуваше марихуана 

Скопје, 6 септември 2024 

- Филипче мора да одговори зошто ја сокрил фирмата во Петрич од анкетниот лист, дали ја сокрил за да не се поврзе со Медикал 420 од каде исчезнуваше марихуана и за да не се поврзе со скандалот за оневозможување на акцијата на американската ДЕА.

Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие очигледно е местото од кое се вртат парите на фамилија Заеви и Филипче. 

Тоа е адреса на која е фирмата на Филипче регистрирана на почеток за недвижнини, и тоа е истата адреса каде е и познатата фирма Медикал 420 БГ на Заеви. 

Ова е фирма која има подружница и во Битола на лија адреса пак во 2022 година беа пронајдени наркотици вредни околу 800 илјади евра и покрај тоа што на фирмата и била одземена лиценцата. Лиценцата за производство на марихуана ја добила од владата на Зоран Заев, кој се изземал од одлучување кога се одземала истата. 

Од оваа фирма, за која Заев потврдил дека тој и негово блиско лице имаат интерес потекнува и дел од марихуаната која беше запленета, а во акцијата водена од американската ДЕА, Агенција за борба против дрога на запленување, беше уапсен и личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир. 
За овој скандал известуваа телевизии од регионот. Конкретно албанската телевизија Ора  објави разговори од кои се доаѓа до сознание за обид на високи функционери од владејачката гарнитура кои интервенирале акцијата на ДЕА да не успее. Меѓу другото, телевизијата објави дека во тоа бил вмешан и Трајче Заев, братучед на тогашниот премиер, Зоран Заев. 

Ова покажува како СДС владееше. 

Оттука Венко Филипче е должен да одговори зошто ја сокрил фирмата во анкетниот лист, дали ја сокрил за да не се поврзе со Медикал 420 од која исчезнува марихуана и за да не се поврзе со скандалот да се оневозможи акцијата на американската ДЕА?

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан