Влезот во Ајватовци со ново улично осветлување
- Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, при што е осветлен влезот и улица „1” во ова
![Влезот во Ајватовци со ново улично осветлување](https://mia.mk/images/20221112161635_big_730x400_74.webp )
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, при што е осветлен влезот и улица „1” во ова населено место.
-Поставувањето на осветлувањето на Општина Илинден се спроведува во рамките на проектот „Илинден
-Светла Општина” кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување, соопшти Општина Илинден.
Општината информира дека екипите на ЈКП „Илинден”, покрај активностите за поставување нови линии за улично осветлување, работат и на докомплетирање на постојните линии, како и на интервенции за отстранување на оштетените светилки и вградување нови. хс/лв/
![Ајватовци светло](/articles/images/%d0%b2%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%b0%d1%98%d0%b2%d/MZIl9ui7z/placeholder.webp?use_watermark=0)