• вторник, 05 ноември 2024

Властите го избркаа од лабораторија кинескиот научник кој прв ја објави низата од корона вирусот

Властите го избркаа од лабораторија кинескиот научник кој прв ја објави низата од корона вирусот

Шангај, 30 април 2024 (МИА) - Кинескиот научник кој прв ја испита и објави низата од новиот корона вирус започна протест откако властите го исфрлија од неговата лабораторија.

Вирологот Џанг Јонгжен напиша на кинеската платформа Веибо дека тој и неговиот тим одеднаш биле известени дека биле исфрлени од нивната лабораторија.

Тие се соочуваат со притисок од властите од јануари 2020 година кога за прв пат беше објавена низата на вирусот.

Објавата подоцна беше избришана.

Во знак на протест тој од неделата и покрај дождот седи пред својата лабораторија, рече тој во објавата која подоцна беше избришана. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан