• петок, 22 ноември 2024

Владина делегација во работна посета на Тирана за работните групи во рамките на Отворен Балкан

Владина делегација во работна посета на Тирана за работните групи во рамките на Отворен Балкан
Скопје, 25 јули 2022(МИА) - Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска и утре во Тирана ќе има интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.
Освен вицепремиерот Битиќи, во владината делегација се и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, националните координатори за Отворен Балкан Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори.
-На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи, информираат од Владата.
На крајот на работните средби, во вторник се очекува и завршна прес-конференција на која заклучоците ќе бидат презентирани пред јавноста. ир/мд/

Остани поврзан