• недела, 07 јули 2024

Владе Дивац доби црногорски пасош

Владе Дивац доби црногорски пасош
Подгорица, 1 ноември 2022 (МИА) - Познатиот југословенски и српски кошаркар и НБА ѕвезда Владе Дивац доби црногорски пасош, кој денеска му го врачи премиерот на Црна Гора во неговиот технички мандат, Дритан Абазовиќ.
„Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да врачиме црногорски пасош на една легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац“, изјави Абазовиќ.
Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа емотивно многу му значи. Тој рече дека неговите предци потекнуваат од Црна Гора и дека со оглед на тоа што последните неколку години најмногу ги поминал во Луштица, Црна Гора за него претставува втор дом, соопшти Владата на Црна Гора. паг/
 

Остани поврзан