• понеделник, 23 декември 2024

Владата ја усвои Информацијата за клучни достигнувања во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година

Владата ја усвои Информацијата за клучни достигнувања во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за клучни достигнувања, заложби и координација во спроведувањето на Стратегија за Роми 2022-2030 година. Од владиниот Сектор за односи со јавноста соопштија дека станува збор за точка која ги сублимира социјалните и економски политики кои се насочени во поддршка на ранливите заедници во нашето општество, во овој случај ромската заедница, вклучени во Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот од 2022 до 2030 година. - Согласно заклучокот за статусот на спроведувањето на клучните мерки и програми од Стратегија за Роми 2022-2030 година, Владата ги задолжи надлежните министерства вклучени во реализацијата на стратегијата да ги утврдат приоритетите од стратегијата за 2022 година и во форма на акциски план да ги презентираат на тематска седница којашто ќе биде посветена на унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија, се наведува во соопштението. Владата денеска ги утврди измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата со што се врши усогласување со Законот за минимална плата за да се постигне еднаквост на сите вработени во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, за да се опфатат со корекции во однос на минималната плата и категоријата негувател/помошно-стручен работник-приправник во секторот детска заштита. Владата ги утврдила и изменувањата и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување за пресметка на платите на вработените во стручната служба на Фондот со цел усогласување со Законот за минимална плата и со Законот за административни службеници. цр/мч/

Остани поврзан