• сабота, 21 декември 2024

Владата сака најдобро и транспарентно законско решение за правичната застапеност

Владата сака најдобро и транспарентно законско решение за правичната застапеност

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе се дефинира во кој период и како ќе се разгледува законот за правична застапеност, како и кои чинители ќе бидат вклучени за изнаоѓање најдобро решение. Текстот се уште не е пристигнат до Владата, поради што не може да се соопштат детали за неговата содржина, рече денеска портпаролката Марија Митева.

-И вчера реков дека до Владата не е пристигнат таков закон за да можам да соопштам детали, но ве уверувам дека сакаме решение кое ќе биде транспрентно за јавноста и со кое ќе бидете запознаени.  Кога ќе се создат услови, кога ќе го погледнеме, веднаш ќе ве информираме. Дадовме предлог за исто такво решение да побараме став од Венецијанската комисија, за да се избегнат какви било нерегуларности, рече Митева, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за сработеното на Царинската управа. 

Таа кусо одговори и во врска со денешната средба на албанската академија за науки со дел од градоначалниците Албанци во Тетово.

-Цениме дека сите политички и општетсвени чинители треба да имат единствена цел - како да се подобри животниот стандард на граѓаните. Во науката не треба никогаш да се дава никаков примес, освен како да се унапреди. Во Македонија има таква инстиуција, се вика МАНУ, рече Митева. мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан