• недела, 22 декември 2024

Владата го одобри решението за деконтаминација на линданот во ОХИС

Владата го одобри решението за деконтаминација на линданот во ОХИС
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Владата на 65-тата седница го одобри планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката. Ова решение, како што информираат од владината прес-служба, следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје. аа/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан