• петок, 05 декември 2025

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга 

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга 

Струга, 1 ноември 2025 (МИА) - Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска ќе го остварат своето право да гласаат во вториот круг од локалните избори во Струга и Струшко, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Според него, преземањето на избирачкиот материјал се одвива непречено, по што ќе почне и гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови.

На територијата на општина Струга граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право на 101 избирачко место. сс/ац/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан