• среда, 07 август 2024

Вишок тежина од 100 грама Фогат ја чинат медал на Олимпијадата

Вишок тежина од 100 грама Фогат ја чинат медал на Олимпијадата

Париз, 7 август 2024 (МИА) - Винеш Фогат од Индија е дисквалификувана по пласманот во финалето борење слободен стил на Олимпијадата во Париз.

Фогат која се натпреваруваше во категоријата до 50 килограми, при мерењето на телесната маса беше 100 грама потешка од дозволеното за нејзината категорија.

Во финалето Индијката требаше да се бори со Сара Хилдебрант од САД.

Сега Фогат ќе биде заменета од Кубанката Јуснеилис Гузман, која ја совлада во полуфиналето со 5:0. зс/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан