• недела, 22 декември 2024

Вицепремиерот Груби оствари средба со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили

Вицепремиерот Груби оствари средба со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со Саломе Зурабишвили, претседателка на Грузија, која е во официјална посета на Република Северна Македонија. Соработката и политичките односи меѓу двете земји, како што соопштуваат од неговиот кабинет, беа една од точките на кои се разговараше на средбата меѓу Груби и Зурабишвили, при што било оценето дека односите се на високо ниво, како и дека посетата на грузиската претседателка на Скопје уште повеќе ќе ја продлабочи соработката. -Интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија беа тема на дискусија меѓу нив, додека Груби истакна дека Република Северна Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија, пат кој е во тек од страна на Република Северна Македонија. Како земја членка на НАТО, Груби истакна дека тие веќе учествуваат во мировни мисии низ целиот свет и буџетот за одбрана годинава се зголемува за 1,57 отсто од БДП и ќе се зголеми до 2 отсто до 2024 година, се вели во соопштението. Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабакх исто така беа дел од разговорот што претседателката Зурабишвили го имаше за време на оваа средба со првиот вицепремиер Груби. На средбата било истакното и дека Република Северна Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат таму, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури. -Економската соработка меѓу двете земји беше друга точка на дискусија меѓу Груби и Зурабишвили, додека беше нагласено дека само минатата година извозот бил 242.962 евра и увозот 102 803 евра, додека за следниот период се дискутираше двете земји заедно да воспостават бизнис партнерство. На средбата се дискутираше и за визниот режим меѓу Република Северна Македонија и Грузија, додека двајцата соговорници оценија дека укинувањето на овој режим ќе има позитивно влијание врз слободното движење на граѓаните, соработката во областа на туризмот и економијата како и различни инвестиции од обете страни и во сферата на културата, се додава во соопштението. Груби и Зурабишвили на средбата разговараа и за процедурите кои следуваат за назначување на двајца почесни конзули на Грузија во Република Северна Македонија и тоа во Скопје и Штип. сст/дма/    

Остани поврзан