Виткоф и Хакаби утре патуваат во Појасот Газа за да ја проверат испораката на помошта во храна
- Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Виткоф работи на конечен план за забрзување на испораката на помош во Појасот Газа.
Вашингтон, 31 јули 2025 (МИА) - Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, утре ќе отпатуваат во Појасот Газа за да ја проверат испораката на помош во храна, објави денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Виткоф работи на конечен план за забрзување на испораката на помош во Појасот Газа.
Левит истакна дека Виткоф и Хакаби ќе отпатуваат во Појасот Газа за да ги проверат моменталните места за дистрибуција на храна и да се сретнат со локалните жители за „од прва рака да ја слушнат тешката ситуација на терен“. зш/
фото ЕПА