• сабота, 16 ноември 2024

Витаминот К го забавува стареењето

Витаминот К го забавува стареењето
Москва, 23 март 2021 (МИА) - Недостаток на витамин К во организмот и телото може да го забрза стареењето, предупредуваат нутриционистите. Имено, според рускиот диетолог Ина Пичугина, во отсуство на овој витамин, кој се содржи во зелената храна, интерлевкинот во организмот се намалува, што предизвикува проблеми со имунитетот и стареењето се забрзува. - Ако некаде има оштетување на крвните садови, се создава тромб и крварењето престанува, објасни Пичугина. Витаминот К е од групата витамини растворливи во масти. Тој е неопходен за синтеза кај протеините и е вклучен во коагулацијата на крвта. Овој витамин е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, а исто така помага и во односот калциум - витамин Д, кој е важен за коскениот систем и сврзните ткива. Покрај тоа, ова е потребно и во развојот на коскената структура кај децата. Кај постарите лица штити од остеопороза. Витаминот К се наоѓа во спанаќот, зелената салата, зелката, како и во црниот дроб. Според научно истражување на стручњаци од Холандија и Белгија, недостаток на витамин К предизвикува компликации и може да биде фатален кај случаи со Ковид-19. Експертите откриле дека недостатокот на витамин К е еден од важните фактори што доведуваат до потешко оштетување на белите дробови. Недостаток на витамин К води и до оштетување на крвните садови и тромбоза, што исто така, предизвикува тешки компликации и ненадејна смрт во случај со коронавирус. Стручњаците препорачуваат јадење повеќе зелен зеленчук, масни сирења, млеко и путер за да се одржи потребната количина витамин К во телото.  си/сд/

Остани поврзан